Поразот од 4:1 е еден од најтешките во ерата на Јирген Клоп во Ливерпул, а тоа го призна и самиот Германец кој не можеше да ги пронајде вистинските зборови за да го објасни потопот.
– Ова е многу тешко, многу тешко за прифаќање. Ќе кажам дека не е премногу тешко за објаснување кога ќе го погледнете мечот непристрасно. Имавме старт со два пенали, искористија еден, но поентата е следна. Наполи одигра многу добар меч, а ние не. Тоа е првото и наједноставно објаснување за овој резултат. Два пенали, немавме среќа во продолжение, им сервиравме на чинија уште два гола и потоа при 3:0 имавме шанси, но никако не дававме гол. Не бевме компактни, ниту дефанзивно, ниту офанзивно. Не можам да објаснам што точно се случи, ќе ми биде потребно време за да го прифатам ова. За три дена играме со Вулверхемптон, тие сигурно се смееле кога не гледале вечерва. Мора да се подобриме и да реагираме на следниот меч, – изјави Клоп.