На прес-конференцијата во пресрет на мечот со Реал Мадрид, предводникот Јирген Клоп имаше комплименти за Реал Мадрид и Карло Анчелоти.
„Потребно ни е да одиграме две супер средби за да минеме понатаму. на Реал не му е потребно да игра специјално, бидејќи секогаш има шанса. Среќен сум што ќе играме таков натпревар сега, а не пред неколку седмици. Очекувам „Енфилд“ да биде на нозе. Анчелоти е најмирниот менаџер кој сум го запознал. Препаметен е, неговото менаџирање е на друго ниво. Реал има светска класа тим. Не е потребно присеќање на финалето од Париз за ова да биде специјален натпревар. Го загубивме мечот, па сакаме да ги исправиме работите“, изјави Клоп.
Ливерпул и Реал ќе играат во вторник во терминот од 21:00 часот.