петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп стана почесен граѓанин на Ливерпул

Клоп стана почесен граѓанин на Ливерпул

Градот Ливерпул му додели големо признание на германскиот фудбалски стратег Јирген Клоп, прогласувајќи го тренерот на локалниот премиерлигаш за почесен граѓанин.

Најголемото градско признание на 55-годишниот тренер му беше врачено на свеченост во градското собрание за неговите заслуги од доаѓањето во Ливерпул во 2015 година.

Кулминација на неговиот ангажман беа титулите во Лигата на шампиони (2019 година) и Премиер лигата (2020).

– Никогаш во животот не сум бил во слична ситуација, рече Клоп на свеченоста на која му беше врачена плакетата „Freedom of the City of Liverpool“.

„Ја сакам традицијата, ги сакам ваквите настани, но не и јас да сум во центарот на вниманието. И покрај тоа, морам да признаам дека навистина уживав, особено во прекрасните говори“, додаде Клоп.

Пред него, единствениот странец во историјата кој ја има примено наградата почесен граѓанин на Ливерпул беше поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела.