четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Виљареал игра импресивен фудбал

Клоп: Виљареал игра импресивен фудбал

Втората полуфинална пресметка во Лигата на шампиони е на програмата вечерва во која Ливерпул е домаќин на Виљареал на „Енфилд Роуд“ со почеток во 21 часот.

Составот предводен од Јирген Клоп е меѓу главните фаворити за европската титула и речиси два месеца е без пораз, откако во реваншот од осминафиналето во елитното клупско натпреварување минимално загуби од Интер со 1-0.

– Направивме детална анализа. Ги почитував Унаи Емери и Виљареал уште пред малку да ги гледам нивните натпревари против Баерн и Јувентус, но сега, откако детално ги анализиравме, можам да речам дека се импресивни. Унаи е опседнат со детали и ја подготвува својата екипа за секоја ситуација. Тој е тренер од светска класа и врши фантастична работа во Виљареал. Ние ќе мораме да го дадеме својот максимум во двата натпревара, изјави Клоп пред вечерашниот прв полуфинален натпревар против шпанскиот противник.