Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот од Челси во Суперкупот на УЕФА, изјави дека тимот може да игра подобро.
– Можеме и ќе играме подобро. На денешниот натпревар не беше играта во прв план, туку победата. Го најдовме патот до успехот и тоа е одлично. Чувствуваме дека постигнавме нешто важно и многу сме среќни за тоа, изјави Клоп.
Германецот беше импресиониран од атмосферата во Истанбул.
– Атмосферата на стадионот беше неверојатна, иако времето беше многу топло, а натпреварот се покажа супер тензичен, додаде Клоп.
Ливерпул на пенали го победи Челзи и го освои Супер купот на УЕФА.