Фановите на филмовите за Џејмс Бонд деновиве со нетрпение го чекаат новиот филм „No time to die“, во кој Даниел Крег се збогува со улогата на агентот „007“.
Како поддржувач на Ливерпул, Крег изјави дека менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, би бил одличен како нов избор за Бонд.
-Бидејќи многу го почитувам, апсолутно тој може да биде нов Бонд. Имав среќа да го сретнам. Разговаравме неколку пати, тој е еден од оние што ви оставаат голем впечаток, своевремено рече Крег.
Кога Клоп беше запрашан на прес -конференцијата што мисли за оваа идеја, одговори во свој стил со насмевка:
-Кога би излегол од вода по шорцеви, тоа ќе биде моментот кога светот ќе се превртe наопаку, рече Германецот.
Ливерпул позитивно ја отвори новата сезона и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, што вроди нова надеж кај фановите дека тимот по ланските проблеми е подготвен за нови големи нешта.