Снегот ненадејно падна во одредени делови на Турција, а натпреварот Газиантеп – Малатијаспор беше прекинат на полувремето поради немање услови.
Југоисточниот дел на Турција го затрупа снег, па мораше да се прекине дуелот во Газиантеп.
Една бизарна ситуација се случи на крајот од првиот дел, кога беше досуден пенал за гостите.
Карим Хафез се обидува со раце да ја расчисти „белата точка“ за да може да се изведе пенал. Додека го чисти снегот, неговиот противник Фуркан Сојалп му отежнува и повторно да го фрлаше снегот на истото место.
На крајот, пеналот беше изведен, но не беше постигнат гол, па остана 0:0, но набрзо судијата најави дека натпреварот нема да се игра додека не се исполнат условите.
🧹 Karim Hafez, penaltı noktasını elleriyle temizledi… #GFKvYMS
😅 Furkan Soyalp, trollüğe soyundu. #Seviyoruzİşte pic.twitter.com/YfKzc35V3a
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) January 18, 2022