Иако Единсон Кавани и Нејмар се соиграчи во ПСЖ и се меѓу најголемите ѕвезди на тимот, очигледно е дека не се во добри односи.
Конфликтот меѓу нив започна уште во деновите по пристигнувањето на Бразилецот на „Паркот на прицовите“ и иако многумина мислеа дека тие „ги закопале секирите“, тоа очигледно не е така.
На крајот на синоќешниот натпревар помеѓу националните тимови на Бразил и Уругвај, Уругваецот влезе остро во глуждот на Нејмар, по што доби жолт картон. Бразилецот остана да се „витка“ на земја во типичен стил за него, но. според многумина. дефинитивно болката овој пат беше вистинска, за разлика од многу случаи за време на Светското кога отворено симулираше.
Дека нивниот однос е влошен, беше евидентно кога Кавани дојде да му подаде рака за да се исправи на нозе. Тој посегна нервозно кон него, а Нејмар категорично го отфрли гестот, со што покажа дека се уште има „зла крв“ меѓу двете ѕвезди на Пари Сен Жермен.