недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Конте го нарече чуден резултатот од натпреварот со Ајнтрахт

Конте го нарече чуден резултатот од натпреварот со Ајнтрахт

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте даде свое видување за победата над Ајнтрахт (3:2) во натпреварот од 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Натпреварот заврши со чуден резултат. Можевме да постигнеме многу, многу голови.

Мораме да научиме од оваа ситуација. Но, за нас ова е важна победа, изјави Конте.

На другиот дуел од Д-групата

Марсеј го победи Спортинг на гостински терен со 2:0.

На две кола до крајот на групната фаза, Тотенхем е лидер со 7 бода, Спортинг и Марсеј имаат по 6, Ајнтрахт е на последното место со 4 бода.