Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте верува дека може да добие отказ пред крајот на сезоната. Договорот на италијанскиот фудбалски стручњак е со важност до крајот на претстојното лето.
Вчеравечер Спарс беа елиминирани од Лигата на шампионите по поразот во 1/8 финалето од Милан (0:1, 0:0).
-Имам договор со Тотенхем, на крајот на сезоната ќе одлучиме со клубот што ќе се случува понатаму. Може да бидам отпуштен и пред крајот на сезоната, изјави Конте за „Гардијан“.
Антонио Конте го презеде Тотенхем Хотспур во ноември 2021 година. Клубот е на 4-то место во поредокот во Премиер лигата. (МИА)