четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Конте: Првпат во кариерата мојот тим имаше негатива девет натпревари по ред

Конте: Првпат во кариерата мојот тим имаше негатива девет натпревари по ред

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте не е задоволен од осцилациите во играта на неговиот тим. Попладнево Тотенхем на натпреварот од 17. коло во Премиер лигата против Брентфорд одигра 2:2, а домаќините до 65. минута водеа со 2:0.

– Од една страна, треба да бидам задоволен од начинот на кој игравме во вториот дел. Од друга страна, девет натпревари по ред први примаме гол. За тим кој сака да задржи добра позиција на табелата, важно е да биде стабилен. Но, би сакал да видам малку поинаква стабилност. За мене ова е првпат во кариерата мојот тим да има негатива девет натпревари во низа. Играчите покажаа одличен карактер, но мора да го смениме овој тренд, изјави Конте.

Тој имаше пофални зборови за Брентфорд.

Сакам да му оддадам почит на противникот, но можевме да победиме, додаде италијанскиот фудбалски стручњак.

Тотенхем за прв пат во својата историја избегна пораз на два меча по ред на гости, откако губеше со 0:2.

Последен клуб што го постигна ова беше Манчестер Јунајтед во април 2018 година.