вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Коста: Можеме секого да победиме

Коста: Можеме секого да победиме

Стрелецот на два гола за Атлетико Мадрид во синоќешниот триумф (4:2) над градскиот ривал Реал, Диего Коста, изјави дека неговиот тим има квалитет секого да победи.

– Ако играме со таква желба и мотив, можеме да победиме било кој ривал. Долго го баравме овој триумф и затоа сум многу среќен, изјави Коста.

Напаѓачот на Атлетико посебно е задоволен што е совладан големиот противник.

– По двата претходни пораза во финалињата, сега дојде ред ние да се радуваме на триумф над Реал. Сакавме да ги надиграме во европско финале и тоа се случи. Ни се врати самодовербата и тоа е важно. Уште ќе напредуваме, нагласи Коста.

МИА