понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ковачевски ги испрати фудбалерите и им вети премија од 500.000 евра

Ковачевски ги испрати фудбалерите и им вети премија од 500.000 евра

Премиерот Димитар Ковачевски пред заминување на македонската фудбалска репрезентација за Порто, се појави во авионот на националниот тим за да им посака среќа и ги испрати фудбалските херои на завршната битка кон пласманот на Светското првенство, во вторник против Португалија од 20:45 часот.

Ковачевски пред заминување влезе во авионот на фудбалерите и им вети премија од половина милион евра, како дополнителна мотивација за пресметката со фаворизираните Португалци.

„Вие сте најсветлата точка на Македонија во моментов, цела Македонија ве чека на плоштад, а Владата со драго срце ќе издвои награда од 500.000 евра за пласманот во Катар. И ова досега е успех, не знам како, но победете ги Португалците. Знам дека можете“, им се обратил Ковачевски на фудбалерите.