понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Крај на една голема кариера: Пирло замина во пензија, на прошталниот меч на Сан Сиро 14 гола, играше и Роналдо (ФОТО+ВИДЕО)

Крај на една голема кариера: Пирло замина во пензија, на прошталниот меч на Сан Сиро 14 гола, играше и Роналдо (ФОТО+ВИДЕО)

Пирло со две титули во Лигата на шампионите, својот најдраг трофеј го освои во 2006 година кога со Италија го освои Светското првенство во Германија, совладувајќи ја Франција во финалето после пеналите…

Италијанскиот великан Андреа Пирло во понеделникот го одигра својот последен натпревар во богатата кариера и службено отиде во играчка пензија. Поради тоа тој повика низа ѕвезди, свои соиграчи и пријатели кои беа дел од спектаклот на Сан Сиро.

Натпреварот меѓу „Белите и Сините ѕвезди“ заврши со резултат 7:7, а Пирло одигра по едно полувреме за двата тима. Стрелци за белите беа: Инзаги со три гола, Пато постигна 2, а по еден имаа Виери и Матри, а на нивната страна играа бразилскиот великан Роналдо, Дел Пиеро, Дида, Франческо Тоти…

За синиот тим голови дадоа Шевченко, Кваљарела, Касано, Кафу, Сидорф, Броки и Тони. За нив бранеше легендарниот голман Џиџи Буфон, кој пред неколку дена се прости од Јувентус. Последните пет минути од натпреварот Пирло беше заменет од неговиот син, 15 годишниот Николо, кој од неодамна е член баш на Јувентус.

Пирло освои шест титули во Серија, четири со Јувентус и две со Милан, со кој два пати беше и европски шампион. Сепак најдрагиот трофеј до стигна е оној од 2006 година, кога Италија го освои Светското првенство во Германија совладувајќи ја Франција во финалето по подоброто изведување на пенали.