недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Крај на фудбалската сезона во Аргентина , нема да има отпаѓање уште две години

Крај на фудбалската сезона во Аргентина , нема да има отпаѓање уште две години

Фудбалската сезона во Аргентина е запрена поради епидемијата од коронавирус во земјата, официјално објави локалната фудбалска асоцијација.

Првенството заврши во првата недела од март, кога Бока Јуниорс драматично ја освои титулата со бод предност пред Ривер Плата. Кон средината на март, стартува турнирот за Купот на Суперлигата, кој требаше да заврши на крајот на мај, но беше прекинат по првото коло.

Поради предвремено завршување на кампањата во наредните две сезони нема да има екипи кои ќе отпаѓаат од елитната дивизија.