Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на левото колено, изјави менаџерот на тимот од „Енфилд“, Јирген Клоп.
Хендерсон се повреди во второто полувреме од натпреварот против Брајтон, кој се одигра во средата, во кој „црвените“ како гости славеа со резултат 3: 1.
Вториот гол во тој натпревар за новиот шампион на Англија го постигна Хендерсон.
Клоп изјави дека на искусниот играч од средниот ред нема да му треба операција.
– Тој нема да игра повеќе оваа сезона, но јас сум прилично сигурен дека тој ќе ја започне следната, рече Клоп. (МИА)