Менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон, беше задоволен од играта на својот тим, и покрај поразот (0:2) од Ливерпул, но не беше многу расположен да зборува за судењето на синоќешниот дуел.
– Мислам дека создадовме многу проблеми за Ливерпул. Моравме да го завршиме првото полувреме со резултат 0:0, по што вториот дел ќе беше уште потежок за противникот. Пеналот? Нема смисла да се разговара за тоа. Не бевме среќни со одлуката на судијата. Повеќе ме интересира фактот дека Кристал Палас одигра многу добро, изјави Хоџсон.
Кристал Палас од почетокот на новото првенство во Премиер лигата има една победа и еден пораз.
(Миа)