Тони Крос потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид и на „Сантијаго Бернабеу“ и заедно со овој договор ќе остане цела деценија во клубот, објави весникот „Марка“.
Германецот кој од 2014 година го носи кралскиот дрес, досега одигра 405 натпревари и постигна 27 гола и притоа ги освои сите можни трофеи.
Крос со Реал четири пати триумфира во Лигата на шампионите, три пати во Ла Лига, има пет титули од светското клупско првенство и по три трофеи од европскиот и од шпанскиот Суперкуп.Во следните денови се очекува истото да го направи и Лука Модриќ.