Навивач на Њукасл Јунајтед не можеше да поверува што се случило кога се вратил дома.
Можете ли да ја замислите реакцијата на Алан Карлинг кога го видел своето куче Руди како ги кине билетите за финалето на Лига купот што Англичанецот сакал да го гледа?
Ниту тој не можел, па на шега потоа го ставил кучето на продажба, објавија англиските медиуми.
Алан имал билети за првото финале на Њукасл по 24 години. На неговата домашна адреса пристигнале во плико, а биле пречекани од куче.
View this post on Instagram
Карлинг нерасположен се вратил дома бидејќи Ливерпул го победи Њукасл со 2:0, а уште полошо било кога наместо карти видел скинати ливчиња.
-Ова е моето куче Руди. Руди е мало ѓубре од куче и мисли дека писмата што пристигнуваат по пошта се нешто што му се заканува на неговиот дом. Откако се вратив од првиот сезонски пораз на Њукасл на домашен терен, Руди мислеше дека ќе ме насмее со јадење на билетите што пристигнаа додека не бев дома. Се продава куче за пет фунти, напишал сопственикот.