сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кунде е во комбинација за мечот со Реал Мадрид

Кунде е во комбинација за мечот со Реал Мадрид

По осум меча во кои Барселона и Реал Мадрид освоија по 22 бодови, на „Сантијаго Бернабеу“ двата гиганти ќе играат меѓусебе во првото Ел Класико за оваа сезона.

Реал ја има предноста на домашен терен, но тренерот на гостите, Чави Ернандес може да биде задоволен затоа што токму пред големиот меч во составот доби одлично засилување.

Во екипата на Барселона се враќа Жил Кунде, кој пред почетокот на оваа сезона пристигна на „Камп Ноу“, но речиси еден месец беше повреден. Кунде сега е подготвен, вметнат е во составот на гостите и може дури да го очекуваме меѓу стартерите.