Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа е исклучително незадоволен од веста дека можеби ќе мора повторно да работи со Антонио Конте, пренесе „Ел Паис“.
Белгискиот фудбалер не е импресиониран од можноста повторно да се најде со Италијанецот во ист тим.
– Не е за верување. Јас работев со Конте и заминав од Челзи, за да не го среќавам повеќе никогаш, а сега се разгледува неговото доаѓање во Реал, прокоментирал Куртоа пред своите соиграчи, тврди шпанското издание.
Белгискиот голман изјавил дека не му се допаѓа Конте поради неговиот авторитарен стил на раководење со тимот.
Според Куртоа, најсоодветен за Реал би бил селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, кој ги имал квалитетите да се справи со предизвиците на „Бернабеу“.
МИА