Тибо Куртоа вчеравечер беше најдобриот поединец на Реал Мадрид во финалето против Ливерпул. Белгијанецот со неколку фантастични интервенции ја зачува мрежата, со што беше најзаслужниот што неговиот тим славеше со 1:0 и му ја обезбеди 14-та титула на Реал во најелитното клупско натпреварување.
„Се надевам дека по овој меч, навивачите и сите останати ќе стават почит на моето име. Искрено мислам дека го заслужив тоа, бидејќи во текот на целата кариера бев оспоруван. Среќен сум за мојата добра партија но уште посреќен за тоа што му помогнав на мојот тим да дојде до уште еден голем трофеј“ изјави Куртоа.