сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ла Лига ги исклучи Реал Мадрид и Барселона од сите преговори

Ла Лига ги исклучи Реал Мадрид и Барселона од сите преговори

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас донесе одлука за исклучување на Реал Мадрид и Барселона од друштвото на екипи за преговори за ТВ правата во иднина.

Причината е  новата најава за формирање на Суперлигата. Иако сега двата клуба официјално не се поврзуваат, но сепак сите веруваат тие стојат во позадина.

Реал Мадрид и Барселона нема да имаат право на глас за продажбата на ТВ правата во наредните години, засега нема одреден период.

Раководството на Ла Лига не го поддржува креирањето на ова европско натпреварување. Тие застанаа на страната на Европската фудбалска федерација која не поддржува креирање на Суперлигата.

Тебас така одлучи веднаш да реагира и ги исклучи двата клуба од сите преговори.