Симоне Инзаги ќе го продолжи договорот со Лацио. Договорот на Инзаги истекува на крајот на сезоната и се најавува дека соработката ќе биде продолжена помеѓу него и римскиот тим.
“Ние мора да ја завршиме сезоната на позитивен начин. Добро се согласувам со претседателот Лотито, не брзаме. Тој има лични проблеми и играме натпревари на секои три дена. Нема да има проблеми. Горд сум што сум тренер на овој тим. Ние сакаме да завршиме меѓу четирите првопласирани екипи”, рече Инзаги.
Лацио во моментов е на шестото место со натпревар помалку. Второпласираната Аталанта е на само пет бода од него и јасно е дека сè е отворено.