Фудбалерите на францускиот прволигаш Лион, Александар Лаказет и Муса Дембеле, биле нападнати од рој оси во клупскиот камп на подготовките во Холандија, објавија денеска повеќе француски и англиски медиуми.
Париски „Л’Екип“ објави дека Лаказет претрпел бројни убоди и неговиот настап на пријателскиот натпревар против Феенорд в недела е неизвесен.
Лаказет ова лето се врати од Арсенал во Лион, од каде прејде во лондонскиот премиерлигаш во 2017 година за сума од 53 милиони евра.
Од друга страна, Дембеле заздравил од убодите и вчера тренирал со соиграчите.