среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лампард: Го победивме најдобриот тим во Англија

Лампард: Го победивме најдобриот тим во Англија

Менаџерот на Челзи, Франк Лампард, беше навистина горд на неговиот успех од 2-0 над Ливерпул во ФА Купот. Тој ги пофали своите играчи за нивниот настап во овој натпревар.

Според него, ова е посебна победа и тој е навистина горд.

– Јас сум многу горд бидејќи Ливерпул е најдобриот тим во Англија. Тие и Манчестер Сити го докажаа ова последниве години. Но, она што го прават Ливерпул оваа сезона е неверојатно. Да се ​​покаже напор, фокус, решеност, класа во овој натпревар е нешто посебно. Знаеме дека имаме уште многу работа и треба да поминеме долг пат да одиме таму каде што сакаме да одиме, но мора да уживаме во вакви работи. Вториот гол беше многу важен затоа што знаеме колку е опасен Ливерпул во последните минути, рече Лампард.

Стратегот имаше посебни пофалби за младиот Били Гилмор, кој ги собра овациите со својата игра на овој натпревар.

– Тоа беше неверојатен настап на еден млад играч против најдобриот тим во светот. Веднаш можете да ја видите неговата класа со топка во ногата. Тој не се плаши да игра со неа. Тој ме потсетува на халфовите со кои пораснав. Луѓето гледаат во него и мислат дека тој е прилично слаб на физички план, но тој има огромен карактер. Јас сум апсолутно воодушевен од него. Тој ги заслужува сите пофалби, тој заслужува да биде играч на натпреварот и луѓето да зборуваат за него. Мило ми е и за неговото семејство, затоа што тоа е голем ден и за нив, додаде стратегот.