Тренерот Френк Лампард е свесен дека Челзи ќе мора да одигра многу, многу подобро и поефикасно на реваншот на Стемфорд Бриџ, доколку сака да ја надополни негативата од Мадрид.
„Горд сум на десетте фудбалери кои останаа на теренот на крајот од натпреварот. Она што ме разочарува е што сепак дозволивме момент на невнимание и го примивме вториот гол. Моравме да дадевме барем еден гол, а имаше можности: Жоао Феликс, Рахим Стерлинг, Мејсон Маунт. Резултатот е реален, но имавме и добри моменти. Посебни работи можат да се случат на „Стемфорд Бриџ“, па мора да веруваме. Потребно е само малку повеќе самодоверба. Играчите не знаат колку се добри“, рече Лампард.