четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лаутаро почна да плаче по замената:Тие секогаш беа покрај мене и јас сум им вечно благодарен

Лаутаро почна да плаче по замената:Тие секогаш беа покрај мене и јас сум им вечно благодарен

Аргентина синоќа пред своите навивачи го победи Уругвај во квалификациите за СП со убедливи 3: 0.

„Гаучосите“ без поголеми проблеми успеаја да стигнат до нови три бода во Буенос Аирес и го зацврстија второто место на квалификациската табела во Јужна Америка.

Аргентина поведе во 38. минута со голот на Меси, а само неколку минути подоцна водството го удвои Де Пол.

Конечните 3-0 кон средината на второто полувреме ги постигна Лаутаро Мартинез, кој ја напушти играта само три минути подоцна.

По промената, камерите го снимија Лаутар како седи на клупата и плаче, а по натпреварот објасни што многу го потресе и плаче.

“Помислив на моето семејство кое беше на трибините и затоа бев толку емотивен. Голема жртва е кога ќе оставиш се настрана за да успееш. Моето семејство отсекогаш било со мене и за тоа ќе им бидам вечно благодарен”, рече Лаутаро по мечот.