среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лажни полицајци на автопат претепале фудбалер на Лацио и му го украле автомобилот

Лажни полицајци на автопат претепале фудбалер на Лацио и му го украле автомобилот

Фудбалерот на Лацио, Раул Моро заедно со својот татко биле претепани и ограбени од луѓе кои се претставиле како полицајци.

Инцидентот се случил во четвртокот вечерта кога Моро со својот татко се возел по автопат во близина на Рим. Лажни полицајци ги запреле, фудбалерот кој возел Мерцедес А класа застанал, не ни помислувал дека може да ги снајде тоа што се случило.

Биле попречени и од уште еден автомобил. А потоа насилно биле извлечени од автомобилот, натепани, а каредците со Мерцедесот заминале во непознат правец.

Моро и татко му завршиле во болница, но немале потешки повреди освен модринки. Полицијата го истражува случајот.

Овој фудбалер во Лацио дојде од школата на Барселона, „Ла Масија“ и оваа сезона има 18 одиграни натпревари.