Легендата на бразилскиот фудбал, Пеле изјави дека ќе се моли финалето на Светското првенство 2018 да биде помеѓу Русија и Бразил.
– Шпанија има силен тим, но во моментов е тешко да се даваат прогнози. Разликата меѓу тимовите не е голема. Ја почитувам многу Русија, нивниот тим игра добар фудбал и ќе биде на свој терен. Италија ги изненади сите, откако не успеа да се пласира. Да не бидат присутни на Светското, да не се пласирани во полуфиналето или финалето, тоа е добра вест за сите останати. Што се однесува до Бразил, мислам дека имаме тим кој има сили за финале, прокоментира Пеле.
Популарен по своите грешни предвидувања, легендата додава: „Тешко е да прогнозирам кој ќе биде во финалето и кој ќе стане светски првак, но ќе се молам на Господ тоа да се Русија и Бразил и Бразилците да станат светски шампиони.”
Тој го посочи и најдобриот играч ако неговите предвидувања се остварат.
– Должен сум да го изберам во овој случај и најдобриот играч на турнирот од Бразил, бидејќи сакам ние да победиме. Очигледен кандидат е Нејмар, додаде Пеле.