среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Леонардо демантира дека ПСЖ му понудил 200 милиони евра на Мбапе

Леонардо демантира дека ПСЖ му понудил 200 милиони евра на Мбапе

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо ги демантираше написите во европските медиуми дека на Килијан Мбапе му биле понудени неверојатни 200 милиони евра за нов двегодишен договор.

ПСЖ сака да го задржи Мбапе на „Паркот на принцевите“ и по истекот на неговиот договор во јуни годинава, и изминатите денови се појави информација дека францускиот репрезентативец добил понуда од 200 милиони евра за нов две годишен договор.

Според истиот, Мбапе би заработувал по 50 милиони евра годишно, а за самиот потпис на договорот би добил бонус од дури 100 милиони евра. Но, Леонардо ги демантира овие написи.

– Тоа не е точно, не сме испратиле таква понуда до Килијан. Мислам дека тоа ќе биде последна работа која ќе ја додадеме во овој договор. Сакаме да му обезбедиме најдобри услови за да стане најдобар играч на светот. Мислам дека на крајот ќе бидат потребни две минути за да се напише сумата. Не моѓам да кажам, но мислам дека постои можност да се договориме. Ќе сториме сè за да го задржиме Килијан – рече Леонардо.