Шпанските медиуми денеска ја пренесоа изјавата на Флорентино Перес дека Килијан Мбапе ќе биде потпишан до 1 јануари што предизвика остра реакција во ПСЖ.
Спортскиот директор на клубот Леонардо веднаш реагираше и жестоко го искритикува првиот човек на Реал за своите изјави.
„Оваа приказна трае две години. Ве потсетувам дека преодниот рок е завршен. Реак не може повеќе да се однесува на овој начин, тоа мора да престане. Мбапе е играч на ПСЖ и раководството планира да ја продолжи соработката. Ова е недостаток на респект кон ПСЖ и кон Килијан“, изјави Леонардо.
Перес подоцна демантираше дека рекол такво нешто. Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона и ако не бие продолжен, ќе може без отштета да го напушти клубот.