Роберт Левандовски, Томас Милер и Мануел Ноер, чии договори важат до 2023 година, сакаат да ја продолжат соработката со Баварците за уште две години.
„Спорт Билд“ објави дека Ноер е во преговори со клубот и сака да ја заврши кариерата во Минхен.
Се уште нема преговори со Левандовски, додека наскоро би можел да биде потпишан нов договор со Милер.
Берн по 23 кола во германската Бундеслига е лидер на табелата со 55 освоени бодови, шест повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.