понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лидс триумфираше против Тотенхем

Лидс триумфираше против Тотенхем

Екипата на Лидс триумфираше попладнево на домашен терен над Тотенхем со 3:1 во премиерниот натпревар од 35. коло во Премиер лигата.

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски го одигра целиот натпревар за Лидс и придонесе во триумфот со една асистенција.

Алиоски асистираше при вториот гол на Лидс што го постигна Бамфорд во 42 минута, откако домаќините претходно поведоа преку Далас (13), а Тотенхем израмни преку Сон (25).

Триумфот на Лидс го потврди Родриго на шест минути пред крајот на натпреварот.

Лидс сега е деветти на табелата со 50 бодови, шест помалку од Тотенхем, кој остана шестопласиран и ги сведе на теорија шансите да избори пласман во Лигата на шампиони. (MИА)