понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лил ја освои шампионската титула во Франција за оваа сезона

Лил ја освои шампионската титула во Франција за оваа сезона

Фудбалскиот клуб Лил стигна до голем успех во француската Лига 1 и ја освои титулата во домашното првенство, откако во драматичниот финиш на сезоната победи во последното коло и излезе пред големиот ПСЖ.

Маурисио Покетино не успеа да стигне до својата прва титула во Лига 1 во првата сезона како тренер на „светците“, пред се поради тоа што ги загуби клучните дуели против ривалите, а таков беше случајот и со Лил.

Составот предводен од Галтие славеше со 1:2 на гостувањето кај Анже и ја освои првата титула во домашното првенство по пауза од точно десет години, или поточно, стигна до четвртата титула во совјата клупска историја.

На вториот меч, ПСЖ успеа да победи со 0:2 на гостувањето кај Брест со автоголот на Фаивре и погодокот на Мбапе, но тоа не беше доволно за трофеј бидејќи Лил беше доволно мирен за да триумфира.