Елиминацијата на Англија ги разочара фудбалските легенди од оваа земја, кои како актуелни стручни коментатори се надеваа на подолг мундијалски пат за „трите лава“.
Англичаните не можеа да го компензираат промашениот пенал на Хари Кејн, па на крајот мораа да и честитаат на Франција, нешто што го направија и најголем дел од коментаторите.
Меѓу првите како и секогаш се јави Гери Линекер, кој истакна дека не е срамно да се загуби од оваа Франција.
– Уште еднаш ни се скрши срцето, но е срамота да се загуби од овој француски тим и честитки за нив.
– Имаше премала разлика меѓу двете екипи, овој млад англиски тим ќе станува се подобар, нивното време ќе дојде, – твитна Линекер.
Алан Ширер беше пократок и подиректен, а реагираше уште по промашениот пенал, за на крајот да резимира.
Fuck
— Alan Shearer (@alanshearer) December 10, 2022
2 decent sides. A missed pen. Fine margins. Shit happens. Well done France. #ENGFRA
— Alan Shearer (@alanshearer) December 10, 2022