Повратникот во Премиер лигата, Нотингем Форест, го ангажираше напаѓачот Џеси Лингард (29), кој дојде без обесштетување, откако ова лето му истече договорот со Манчестер јунајтед.
Лингард беше поврзан со Јунајтед дури 22 години, но минатата сезона запиша само 22 настапи и два гола во сите натпреварувања за „Црвените ѓаволи“, додека во сезоната 2020/21 беше позајмен на Вест Хем.
Деталите од договорот не се објавени, а англиските медиуми пренесуваат дека Лингард потпишал едногодишен договор со Нотингем Форест.
Лингард е 11. засилување во редовите на Форест, кој се врати во Премиер лигата по пауза од 23 години.