Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард е слободен агент и се уште нема донесено одлука каде ќе игра следната сезона.
Медиумите на Островот тврдат дека 29-годишниот Англичанец ќе донесе одлука најдоцна до 22 јули.Лингард е спремен да одбие понуди од клубови од Премиер лигата и американската МЛС и да се пресели во неименуван клуб во Саудиска Арабија, кој е подготвен да му плаќа 10 милиони фунти годишно.