Три премиерлигаши почнале да се двоумат за идејата за влез во Супер лигата, објавија различни британски медиуми.
Според „Тајмс“, еден тим веќе има намера да го напушти списокот на учесници. За потсетување, од Англија на новиот турнир требаше да учествуваат Манчестер сити, Челзи, Арсенал, Тотенхем, Ливерпул и Манчестер јунајтед.
„Гардијан“ пренесува дека има сомнежи кај раководството на клубови како што се Челзи и Манчестер сити за нивното учество во Супер лигата.
Истата ситуација, според изданието „Билд“, се појавила и во Ливерпул.
Забележано е дека клубовите не очекувале толку голема негативна реакција од јавноста.
Ноќта на 19 април веќе споменатите англиски клубови, како и Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус најавија создавање на ново натпреварување – Супер лигата. Првите натпревари се закажани за август 2021 година.