недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул елиминиран од Астон Вила во четвртфиналето на лига купот

Ливерпул елиминиран од Астон Вила во четвртфиналето на лига купот

Убедлив пораз од 5:0 претрпе Ливерпул синоќа на гостувањето кај Астон Вила во четвртфиналето на англискиот Лига куп.

Во нормални околности, овој пораз со ваков резултат ќе претставува вистинска сензација, но во случајот не е така, бидејќи Ливерпул на натпреварот настапи со младинската екипа предводена од нивниот тренер Нил Крикли.

Инаку, првиот тим под водство на тренерот Јирген Клоп се наоѓа во Катар каде вечер ќе го игра натпреварот од второто полуфинале против Монтереј.