Португалскиот интернационалец 19-годишниот Рикардо Карваљо е првото засилување за Ливерпул за следната сезона.
Тој доаѓа од екипата на Фулам, каде што во минатата сезона постигна 10 гола и имаше осум асистенции во 36 натпревари.
Карваљо е роден во Лисабон, а го имаше своето деби за Португалија до 21 година во март оваа година, откако претходно го носеше дресот на Англија во помладите категории.