Неверојатен натпревар одиграа Челси и Ливерпул во финалето на Карабао-купот, а на крајот се радуваше екипата на тренерот Јирген Клоп, која беше подобра во пенал-рулетот со 11-10 од „сините“ на Томас Тухел. Динамично се играше од првата до последната минута со шанси за гол и на двете страни.
Фудбалерите на двете екипи беа прецизни од белата точка, а трагичар во пенал-рулетот беше чуварот на мрежата на Челси, Кепа Аризабалага, кој го промаши цел гол.