Поранешниот фудбалер на Брајтон, Алексис Мекалистер денеска потпиша повеќегодишен договор со Ливерпул.
Почетната цена на трансферот е 35 милиони фунти, а некои извори наведуваат дека трансферот би можел да достигне 55 милиони фунти, објави Скај.
Медиумите наведуваат дека договорот е потпишан до јуни 2028 година. Со Брајтон сезонава го зазеде шестото место во Премиер лигата, една позиција послабо од Ливерпул.
„Ова е остварување на сонот, неверојатно е да се биде тука, едвај чекам да започнам. Сакам да бидам фит од првиот ден на тренинг, па добро е што се е готово.
Со нетрпение чекам да ги сретнам моите нови соиграчи. Беше фантастична година за мене, Светското првенство и она што го направивме во Брајтон.