Фудбалерот од средниот ред на Аргентина и Бенфика, Енцо Фернандез е на мета на Пари Сен-Жермен и Ливерпул.
Според „Fichajes“ клубовите го гледаат аргентинскиот играч за врска како алтернатива на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.
Раководството на германскиот клуб бара минимум 150 милиони евра за трансфер на 19-годишен Англичанец.
Актуелниот договор меѓу Фернандез и Бенфика е до јуни 2027 година.
Дваесет и едногодишниот Аргентинец беше прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство во Катар.
Оваа сезона Фернандез забележа 24 настапи за Бенфика во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и пет асистенции.
Вредноста на играчот според порталот „ Transfermarkt“ се проценува на 35 милиони евра.