Англискиот фудбалски тим Ливерпул постигна договор со капитенот Џордан Хендерсон за продолжување на соработката со овој фудбалер.
Хендерсон ќе остане на „Енфилд“ и покрај најавите дека сака да го промени клубот, а клучна улога одиграл менаџерот Јирген Клоп.
Репрезентативецот на „Гордиот Албион“ се согласил да потпише нов тригодишен договор со можност за уште една година во зависност од тоа колку натпревари ќе одигра во третата година.