Слабите настапи на голманите на Ливерпул, Симон Мињоле и Лорис Кариус, го принудија менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп во зимскиот преоден рок сериозно да размислува за нов голман.
Потенцијално засилување е голманот на ПСЖ, Кевин Трап, кој пак е незадоволен од малата минутажа во францускиот клуб оваа сезона.
– Ако има шанса, Кевин ќе го напушти Париз, изјави менаџерот на голманот Јорг Нојбаер.
Трап во ПСЖ дојде од Ајнтрахт Франкфурт за 10 милиони евра, а обештетувањето кое парискиот клуб ќе го бара за голманот би требало да биде околу 15 милиони евра.
Британските медиуми наведуваат дека за 27-годишниот германски голман покрај Ливерпул, сериозно е заинтересиран и Кристал Палас.
Според изјавите на Трап за француските медиуми тој сака да брани стандардно во вториот дел од сезоната и да има шанси да избори место во составот на Германија за претстојното Светско првенство во Русија.