четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул му нуди уникатен договор на Ван Дајк

Ливерпул му нуди уникатен договор на Ван Дајк

Ливерпул ќе понуди нов договор на Вирџил ван Дајк, кој ќе има уникатни параметри.

Според „Фудбал инсајдер“, договорот ќе биде за цели седум години, што би значело дека по секоја веројатност, Холанѓанецот, кој ќе наполни 29 години следниот месец, ќе ја заврши кариерата на „Енфилд“.

Вредноста на договорот ќе биде над 50 милиони фунти, т.е. Ван Дајк ќе добива повеќе од 200.000 фунти неделно.

Тековната плата на централниот дефанзивец е 125.000 фунти неделно, а во договорот, од кој останува уште три сезони, има многу бонуси. Таков ќе има и во новиот договор.

Ван Дајк веќе има 113 натпревари за Ливерпул, а тој треба да добие 4 милиони кога ќе достигне до 150.