петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул му понуди на Вернер петгодишен договор за 50 милиони евра

Ливерпул му понуди на Вернер петгодишен договор за 50 милиони евра

Ливерпул сепак има намера да се здобие со напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер. „Црвените“ му понудија на Германцот 5-годишен договор со плата од 10 милиони евра годишно, плус бонуси, пренесува новинарот Николо Скира.

Вернер е приоритетна трансфер цел за главниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп. Преговорите меѓу клубот и играчот се во напредна фаза.

Дваесет и четиригодишниот Германец оваа сезона има одиграно 36 натпревари за Лајпциг и постигнато 12 голови со 12 асистенции.

Самиот играч претходно изјави дека би сакал да ја продолжи кариерата во странство, и покрај интересот на Баерн Минхен. (МИА)