Спектакуларно реми со десет постигнати голови одиграа синоќа на „Енфилд“ домаќинот Ливерпул и Арсенал. По нерешените 5:5, Ливерпул победи на пенали и се избори за четвртфинале во Лига купот.
Арсенал иако во два наврата водеше со два гола разлика (3:1 и 4:2), не издржа и му дозволи на противникот со гол во четвртата минута од судиското продолжение да изедначи.
Покрај Ливерпул, синоќа пласман во четвртфиналната фаза обезбедија и Астон вила по победата над Вулвс со 2:1, како и Манчестер јунајтед кој со истиот резултат го совлада Челзи на гостински терен.
Резултати од средбите одиграни во вторникот:
Манчестер сити – Саутемптон 3:1
Бартон Албион – Лестер 1:3
Оксфорд јунајтед – Сандерленд 1:1, на пенали 4:2
Евертон – Вотфорд 2:0
Кроули Таун – Колчестер 1:3.