понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул најде наследник за Мохамед Салах

Ливерпул најде наследник за Мохамед Салах

Мохамед Салах ова лето беше пред излезни врати од Ливерпул, откако доби примамлива понуда од Саудиска Арабија, но на крајот реши да остане на „Енфилд“.

Салах размислуваше за заминување и тоа го налути тренерот Јирген Клоп, кој почнал потрага по замена за Египќанецот.

„Билд“ пишува дека Ливерпул решил да го купи Дониел Мален од Борусија Дортмунд, кој чини околу 60 милиони евра.

Мален пристигна во Дортмунд во 2021 година од ПСВ Ајндховен за 30 милиони евра, но немаше добри настапи сè до сезонава. Тој на седум настапи постигна четири гола и две асистенции за „милионерите“.